-->

Отворена првата македонска веб-продавница


Граѓаните од вчера можат да купуваат во првата домашна веб-продавница на интернет страницата www.ex.mk.

Шопинг центарот располага со околу 300 производи, работи 24 часа, седум дена во неделата, и обезбедува достава до нарачателите за еден ден ако се од Скопје, или за два дена ако се од некое друго место во државата. Плаќањето е електронски, со платежни картички, преку Уни банка, која гарантира максимална сигурност на трансакциите. Отворањето на првиот веб-шопинг центар е резултат на зголемениот тренд на користење, купување и плаќање преку интернет во Македонија-рече вчера Биљан Радоњанин, менаџер во компанијата "Exquisite", на промотивната прес-конференција.
 

Copyright © 2009 selotejp.com