Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот и Комисијата за деловничко и мандатно-имунитетни прашања.
На дневен ред на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот се Предлог на закон за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права (прво читање), Предлог на закон за извршување на одлуките на Европскиот суд за човекови права (прво читање) и Предлог на закон за ратификација на Конвенцијата за заштита на човековите права и достоинство на човечкото суштество во однос на примената на биологијата и медицината, со Дополнетиот протокол за забрана на клонирање на човечки суштества и Дополнителниот пртокол за трансплатација на органи и ткива од човечко потекло.
Комисијата за деловничко и мандатно - имунитетни прашања ќе расправа за Извештајот на Државната изборна комисија за преземените работи согласно член 153 од Изборниот законик, број 10-2794/2 од 16 април 2009 година.