-->

Заврши заложничката драма на аеродромот во Јамајка

Заврши неколкучасовната заложничка драма на меѓународниот аеродром во Монтего Беј на Јамајка, а киднаперот 20-годишен жител на таа држава попладнево и се предаде на полицијата.

Тој од рано изутрината неколку часа држеше како заложници патници во авион на канадската авиокомпанија „Кенџет“ на меѓународниот аеродром во Монтего Беј на Јамајка. По извесно време тој ги ослободи 169 патници, но во авионот останаа уште пет членови на екипажот. Додека траеја преговорите тој побара да биде одведен на Куба.

Авионот требаше да полета од аеродромот „Сангстер“ од Монтего Беј на Јамајка кон Халифакс во Канада.

Медиумите јавија дека вооружениот маж успеал да влезе во авионот со лажни документи неколку минути пред полетувањето на авионот во 3 часот и 30 минути по средноевропско време.

Како што јави Си-Ен-Ен, една од патничките Бренда Грениер успеала да му телефонира на својот сопруг во Канада и да го информира дека еден маж незабележително влегол во авионот и оти ги држи патниците како заложници.

 

Copyright © 2009 selotejp.com