Иноваторите сметаат дека времето за совршени фармерки во кои не е топло за време на летниот период е зад нас. Припадничките на понежниот пол можат да ги одберат овие ’бикини фармерки’ кои се сметаат за удобни, провокативни и секси.
Најновиот модел бил создаден за жени полни со самодоверба, кои сакаат да ја покажат одличната линија која во која вложувале во текот на цела зима.
’Бикини фармерките’ се со навистина низок струк, но имаат вшиен бикини дел кој се врзува на колковите. Идејата потекнала од девојките кои барале фармерки со низок струк, кои одвај им ги покриваат колковите, но сепак нема да им се лизгаат надолу.
“Се специјализиравме за фармерки со низок струк, но сепак нашите клиенти сакаа уште пониски модели.“- појаснила Sandra Tanimura дизајнерка за јапонската компанија Sanna's.
“Многу е тешко да се исполни тоа барање без фармерките да се излизгаат од колковите, па на памет ми дојде идеја да додадам нешто како бикини гаќички.“- објаснила дизајнерката.
Моделот изгледа доста смело, па бидејќи постојат различни вкусови, најверојатно ќе може да се видат девојки кои ќе ги загреваат и онака жешките летни улици.