Проследете го последниот неверојатен мајтап на популарниот Реми Гаљард. Пакман во ултра урнебесна комична реалност! За оние што не го знаат, Реми Гаљард е најславниот глупотрес (prankster) на денешницава. Се прослави во 2002 година кога се појави на финалето од францускиот куп во дрес на победничкиот Лориен, а потоа славеше заедно со играчите од овој клуб, го крена пехарот, делеше автограми и се поздрави со тогашниот претседател Жак Ширак, без никој да го сети. Потоа Гаљард објави уште многу видеа на кои се преправа во различни суштества, животни и се зафркава со случајните минувачи, полицајци, продавачи и тн. |
Реми Гаљард како Пакмен
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)