-->

"Газпром" изрази интерес за преземање на "Нафтогаз Украина"

Руската гасна компанија „Газпром“ изрази интерес да ја преземе компанијата „Нафтогаз Украина“ за неплатени сметки за испораките на гас во март, соопшти ополномошениот претставник на украинскиот претседател по меѓународни прашања за енергетска безбедност Бохдан Соколовски.

„Газпром“ го иформирала „Нафтогаз“ за нарушување на договорот на 6 и 9 април, додаде Соколовски, според кого од украинската компанија се бара да се доплати неколку стотини милиони долари.

Соколовски истакна дека глобите не претставуваат точка од договорот. - Таквите прашања не се решаваат во судот, истакна тој, посочувајќи дека таа ситуација е доказ за неопходноста од промени во постоечките договори, исклучувајќи „вакви моменти“.

 

Copyright © 2009 selotejp.com