-->

Филипс во тесно

Холандскиот гигант за електроника Филипс во првиот квартал од годинава има загуба од 57 милиони евра. За споредба, во истиот период лани, остварил добивка од 294 милиони евра.

"Во првите три месеци од 2009 година, имаме големо влошување на ситуацијата на нашите пазари, кое најмногу се почувствува во продажбата на производите наменети за широка потрошувачка, како и во областа на автоматизацијата", изјави генералниот менаџер на Филипс, Џерард Клајстерле.

Според менаџментот на компанијата, програмата за намалување на трошоците која беше воведена минатата година и со која се предвидува укинување на 6.000 работни места, на компанијата треба да и заштеди 500 милиони евра до крајот на оваа година.

 

Copyright © 2009 selotejp.com