-->

Боровница за помал стомак

Консумацијата на боровницата не е добра само за здравјето, туку помага и во борбата со килограмите, тврдат научниците.

Ова овошје е познато и како суперхрана поради тоа што е особено богато со витамини и антиоксиданси, но сега е откриена и неговата моќ за брзо согорување на маснотиите во организмот.

Американските стручњаци кои го спроведоа истражувањето за здравствените благодети на боровницата веруваат дека нивните резултати би можеле да го променат начинот на кој маснотиите и шеќерот се преработуваат во нашето тело. Научниците после направените испитувања дојдоа до заклучок дека салото во пределот на стомакот после консумацијата на оброци богати со боровница - се губи.

Салото на стомакот е поврзано со зголемениот ризик за заболување од срцеви болести или дијабетес. Иако првичните тестови се спроведени само на стаорци, научниците веруваат дека слични импликации боровницата би можела да има и на човечкото здравје.

Боровницата е особено богата со витамините Ц и Е како и со други антиоксиданси кои помагаат во заштитата на телото од дегенеративни болести. Едно друго истражување покажа сека боровницата содржи хемикалија која се вика птеростилбен и која помага во превенцијата на ракот на дебелото црево.

 

Copyright © 2009 selotejp.com