-->

НАСА снимила ’Божја рака’ во вселената

Научниците на НАСА тврдат како снимиле ’Божја рака’. Всушност се работи за насобрани сини гасови во вселената кои изгледаат како рака со раширени прсти.



Неверојатната фотографија е снимена со помош на опсерваториумот на НАСА, Chandra X-ray, кој се наоѓа 580 км над Земјината топка. ’Раката’ настанала така што експлодирала ѕвезда ’супернова’, после што настанала нова, околу 20 км широка и ротирачка ѕвезда наречена ’пулсар’.

Пулсар испушта силно електронско зрачење, поради што се создава облак прашина и гас кој е толку широк што на светлината и треба 150 светлосни години да прејде од една на друга страна. Црвениот диск е засебен облак на гас. Се претпоставува дека формата на прстите настанала при преоѓањето на енергијата од ’пулсарот’ кон другиот облак. Научниците на НАСА проценуваат дека моментот кој е забележан на фотографијата се случил пред 17 илјади години.

 

Copyright © 2009 selotejp.com