-->

МВР го уапси Арслан Нуиши

Арслан Нуиши заврши во затвор. По долгогодишна потрага полицијата го уапси во селото Крушопек во импровизирана чајџилница. Алфите во тајна акција влегле вчера околу 3 часот и 30 минути наутро. Возилата ги оставиле подалеку од селото. Влегле пеш, а така и си заминале.

Само двајца го транспортирале уапсениот Нуиши и тоа со неговата Опел Фронтера.

Иако е најпознат по таканаречената братиславска врска за атентатот на претседателот Глигоров, уапсен беше за друго дело. Во 2007-ма бил организатор на киднапирањето на косовскиот бизнисмен Љуљзим Бегај и од тогаш се бара со потерница.

Акцијата ги изненадила сите. Сведоците велат дека Нуиши кој инаку го викале Бос или Боси имал договор сам да се предаде. Се жалат дека непотребно биле малтретирани од алфите.

Полицијата не исклучува дека Нуиши е поврзан и со грабежот на Прокредит банка кој се случи пред 2 дена. Во неговото досие се набројани голем број краби, киднапирања, шверц на дрога.

Во 95-та ја заработува првата потерница од Интерпол. Во последно време се криел во родното Грчец под ново име Арслан Пода.

 

Copyright © 2009 selotejp.com