-->

Кафето и шеќерот се најлоша замена за сонот

Доколку сте хронично ненаспани и телото во е истоштено поради недостигот на сон, тогаш сигурно посегнувате по поголеми количини кафе и шеќер. Сепак овие супстанци можат да ви помогнат краткорочно, но долгорочно гледано оставаат несакани последици.

Шеќерот моментално дава енергија

Шеќерот ќе ви донесе привремен наплив на енергија, но кога тоа ќе помине може да се чувствувате уште повеќе поспани и забавени, покажа студијата на научниците од британскиот универзитет „Loughborough“.

-Шеќерот не е најдобриот начин за стимулирање на мозокот. Со други зборови не ги содржи вредностите за брзо „кревање“ кои ги има кофеинот, вели др. Ралф Дауни од универзитетот „Loma Linda“, Калифорнија.

Експертите советуваат наместо шеќер да изберете лесна ужина која ќе ви помогне полесно да го протуркате денот. Најдобро е да земете некој помал оброк кој содржи протеини и јаглехидрати, кои нема да ве прејадат.

Кофеинот го уништува сонот

Кафето сигурно ќе ви го зголеми притисокот, но исто така ќе ви го попречи и заспивањето. Само 15-минути после еден филџан кафе ја добивате целата енергија која ви е потребна, но со оглед на фактот дека кофеинот останува во организмот уште 12 часа, може да се случи вечерта да зажалите ако доцна сте го испиле кафето.

Доколку имате проблеми со спиењето, експертите советуваат потполно да се откажете или да испиете само едно кафе во текот на денот, утринското. Освен тоа, пред спиење избегнувајте ги сите намирници кои содржат кофеин, како што се чоколадо или кока кола.

Внимателно со кафето без кофеин

Многумина се одлучуваат за кафе без кофеин, сметајќи дека така ќе можат да пијат без ограничувања и страв од несоница. Сепак, едно истражување од 2007 година со кое се тестирани без кофеинските кафиња на различни брендови покажа дека содржината на оваа материја драстично варира, па така кај некои во филџан кафе е забележана дури до 32 милиграма кофеин, колку што има и во една лименка кока кола. Оваа количина кофеин за многумина не претставува проблем кога ќе легнат да спијат, но доколку сте осетливи на кофеин, тогаш внимателно со ваквите кафиња.

 

Copyright © 2009 selotejp.com