-->

Се омажила за него иако силувал жена на ергенската вечер

Иако Лоис Палмер (33) на својата ергенска вечер на 5 јуни минатата година брутално силувал и претепал случајна минувачка, три седмици подоцна неговата свршеница Аманда Конвеј му простила се, и го кажала судбоносното ’ДА’.



Лоис Палмер на крајот на пијанењето со пријателите посакал уште еднаш секс за една вечер, па следел 30 – годишна случајна минувачка. Ја притиснал за ѕид и ја нападнал, кога жената се обидела да се одбрани, тој ја удрил со бокс во главата.

Иако насилникот бил уапсен и обвинет за напад, неговата свршеница му прогледала низ прсти и се омажила за него. Својот сопруг го поддржувала на судењето, и била уништена и кога судот го осудил на казна затвор од седум години.

Таа вечер во јуни минатата година, групата на пријатели се забавувале на ергенската вечер. Околу 4 часот наутро Палмер се одвоил од пријателите, и отишол да јаде, како што било снимено на градските надзорни камери. “Се сеќавам дека одев по улица кога одеднаш некој ме грабна и ме бутна кон ѕид. Го молев да престани но тој ме удри. “- раскажала жртвата која била силувана и која се здобила со неколку гребаници и модрици.

Палмер е уапсен следниот ден, кога во друштво на пријателите купувал венчален прстен. Тој тврдел дека жената самоиницијативно му понудила секс, кога ја застанал на улица да ја праша за насока.

“Се согласив на секс, кога одеднаш таа стана хистерична, па морав да ја удрам. Жените понекогаш треба да ги удрите за да ги доведете во ред.“- изјавил тој пред судот и упорно ги одбивал обвиненијата за силување. Но, тој не го убедил судот во својата невиност, па добил казна затвор од 7 години.

 

Copyright © 2009 selotejp.com