-->

„Светиот Грал“ во вселената

Во потрага по планети слични на Земјата, астрономите лоцираа две тела кои личат на нашата планета. Едното тело и одговара на Земјата според големината, а другото е на вистинското место.

Европските научници тврдат дека не само што ја откриле најмалата егзопланета или екстрасоларната планета наречена „Gliese 581 е“, туку и сфатија дека соседниот „Gliese 581 d“, oткриен порано, некогаш имал услови за развој на живот. Ајде, кај и да е ќе сфатиме и ние дека по ништо не сме толку посебни или добри за во бескрајната вселена да бидеме единствени :)

„Откритието на каменита, земјолика планета во „настанувачката зона“ претставува Свет Грал за истражувачите“, изјави Мишел Мејор, астрофизичар од женевскиот универзитет во Швајцарија и пронаоѓач на оваа планета.

Големината на „Gliese 581 e“ изнесува само 1.9 од големината на Земјата, додека претходно откриените егзопланети обично беа со големина на Јупитер, кој би можел да „проголта“ повеќе од илјада Земји.

„Gliese 581 e“ се наоѓа во близина на ѕвезда и е прежежок за развивање на живот, но ова откритие во соларен систем оддалечен од Земјата за 20 светлосни години е добар знбак дека напредуваме во откривањето на земјолики планети.

Истражувачите утврдија дека орбитата на „Gliese 581 d“, кој е откриен уште во 2007 година била во „зона погодна за населување“ - подрачје во близина на ѕвезда како нашето Сонце, реон кој овозможува течна состојба на водата на површината на планетата.

„Gliese 581 d“ e веројатно преголем за да би бил составен само од камен материјал, според мислењето на астрономот Стефан Удри кој додаде дека е можно на планетата да се наоѓа некој голем и длабок океан.

Главниот конкурент на Мејор, Џеф Марси од Универзитетот Беркли во Калифорнија го пофали откритието на „Gliese 581 е“ нарекувајќи го „највозбудливото откритие“ на планета надвор од Сончевиот систем.

 

Copyright © 2009 selotejp.com