Од ноќеска на полноќ за половина денaр се зголемува малопродажната цена на Еуросупер-98, Еуродизелот и на екстра лесното масло за домаќинство.
Согласно денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажните цени на Еуросупер-95 и МБ-96 не се менуваат, односно остануваат исти како цените утврдени согласно одлуката од 31 март. Зголемување според новата Одлука има кај мазутот М-2 кој ќе се продава за 18,689 денари за килограм.
Цената на Еуросупер-95 ќе изнесува 54,50 денари за литар, на Еуросупер-98 56 денари за литар, на МБ-96 57,50 денари за литар, на Еуродизелот - 44,50 денари за литар, на екстра лесното масло 33,50 ден/лит.
Со оваа Одлука се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,80 отсто, односно за 1,61 отсто.
Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14 дневен период изнесуваше 50,177 долари за барел и е за 2,73 проценти повисока од просечната цена на сурова нафта по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14 дневен период изнесуваше 46,5120 денари и е за 0,30 проценти повисок од курсот на доларот по кој беа формирани цените.