Птицата се нафрлила врз 69 годишна жена и и ја истргнала од раката нејзината чанта. Орелот по неколку метри слетал на земја сосе чантата и ја „проверил“ нејзината содржина.
Жената алармирала кај полицијата, која успеала да го фати орелот и да го пронајде неговиот сопственик.
Сопственикот на птицата изјави дека орелот е дресиран и дека не е ни најмалку опасен. Тој истакнал дека по некоја случајност чанта била иста по боја и форма, како и торбата во која чувал храна за птици.
Орелот најверојатно бил гладен и мислел дека во чантата ќе го пронајде својот ручек, објасни неговиот сопственик.