-->

Продава проклет автомобил - сам се пали, и се обидува да го уби

Неименуван човек објавил на интернет дека продава проклета Хонда Акорд. Автомобилот сам вози, звучниците трештат иако не се вклучени.



“Тргнете го тој автомобил од мојот живот. Таа Хонда неколку пати се обиде да ме убие. Со неа владее духот на починатиот сопственик.“ - напишал еден американец од Лос Анџелес, во огласникот Craigslist.

Хондата од 1992 година, за која тој верува дека е проколната, се продава за 5 илјади евра, но, тој ќе ја даде и за половина од тој износ, доколку најде купувач. Тој ја купил во Јапонија пред седум години и потполно ја обновил со оглед на тоа што претходниот сопственик ја уништил во сообраќајна незгода. Тој тврди дека автомобилот неколку пати се обидел да го убие. Низ звучниците се слушаат необични звуци иако воопшто не се приклучени, а автомобилот нема ниту радио ниту антена. Хаубата навечер некогаш се дига сама, а Хондата понекогаш се пали штом тој ќе влезе во автомобилот а се уште не го ставил клучот во бравата. Штом влезе во автомобилот, тој веднаш чувствува некаква негативна енергија и сака да излезе што побрзо.

Што да се каже друго, освен – среќно со продажбата.

 

Copyright © 2009 selotejp.com