-->

Затвор за пијани велосипедисти



Според законите на Полска, пијаните велосипедисти се третираат исто како и сите останати возачи во алкохолизирана состојба, па моментално повеќе од 2.000 велосипедисти се наоѓаат во затворите ширум оваа земја.

Бидејќи некои сметаат дека ова е престрога казна, Уставниот суд на оваа земја неделава ќе ја разгледува оваа одлука, јави БиБиСи.
Уставниот суд на Полска во 2002 година донесе закон според кој велосипедистите во алкохолизирана состојба се казнуваат со парична казна или затвор до две години, зависно од степенот на нивната интоксикација.
Просечната казна за возење велосипед во алкохолизирана состојба е нешто повеќе од 11 месеци затвор. Меѓутоа, ваквиот закон најде на бројни негодувања.
- "Законот е апсурден, велосипедистите би требало да се третираат исто како и пијаните пешаци, а не да се казнуваат со огромни парични казни или затвор, бидејќи тоа може да го одвлече во сиромаштија целото нивно семејство", смета триесетгодишниот судија Јарослав Сиелецки од Полска".
Меѓутоа, Уставниот суд цврсто стои зад својата одлука, сметајќи дека велосипедистите во алкохолизирана состојба претставуваат опасност на улиците.

 

Copyright © 2009 selotejp.com