-->

Крајот на кризата е далеку


Свет, 24 април, (Нетпрес) - Извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд Доминик Страус Кан во четврток предупредил дека ќе треба многу време за завршување на глобалната економска криза.

“И покрај измешаната ситуација, веруваме дека овој крај на кризата е уште далеку“, изјавил Страус Кан на брифингот со новинарите пред почетокот на пролетното заседание на ММФ и Светска банка во Вашингтон.

Според него почетокот на заздравувањето се очекува во првата половина на идната година, доколку земјите презема правилна политика.

Се уште се далеку напорите за зајакнување на финансиските сектори во САД и Европа од тоа што е потребно за заздравување. Првиот човек на ММФ предупредил дека чистењето на билансите на финансискиот сектор не се одвива доволно брзо, повикал на зајакнување на тие напори.



 

Copyright © 2009 selotejp.com