Сопственикот на компанијата Вирџин, Ричард Бренсон, откри дека Ники Лауда посетува тренинг за астронаут со идеја да го вози шатлот со кој ќе се превезуваат патници во вселената, што е отелотворување на идејата која неговата фирма ја нуди како хедонистичко задоволство од највисок туристички ранг.
Меѓу патниците ќе биде и Рубенс Баричело, актуелниот возач на Браун Мерцедес.
- Рубенс купи билет за вселената, а Ники тренира да биде астронаут,- откри Бренсон во Бахреин.