Кошаркарите на Бостон во синоќешниот натпревар ја совладаа Филаделфија со 100:98 и им го нанесоа шестиот последователен пораз во НБА лигата.
Во екипата на Бостон фалеа Кевин Гарнет и Реј Ален, но Пол Пирс успеа да го надомести нивното отсуство постигнувајќи 31 поен. Тони Ален додаде 18, а Глен Дејвис 15 поени.
Во пораената екипа најдобар играч беше Андре Игуогала со 25 поени, пет скокови и седум асистенции.
Бостон веќе го обезбеди второто место во Источната конференција во плејофот и во првото коло би можел да се сретне токму со Филаделфија, која е шеста.