-->

Иднината пристигна

Помалку застрашувачки, ама дефинитивно шизички. Хонда, која во светот на роботиката е позната по својот хуманоиден робот Ашимо предвиден за извршување на домашни работи, успеа истиот да го управува со мисли.

Откако во 2006 година од мозочните активности успеаа да прочитат кои команди се потребни за извршување на едноставни и рефлексни задачи од типот на движење на раката, ова знаење го споија со својата напредна технологија и добија уред кој управува со роботот во скоро реално време. Уред кој чита мисли.

Како што ќе можете да видите во видеото во прилогот, човекот не мора да направи движење кое сака да го направи и роботот, туку доволно е само да помисли на тоа и роботот со голем процент на веројатност ќе го изврши токму тоа движење на начинот како што е замислено.

Веќе ја гледаме иднината: додека гледаме фудбалски натпревар помеѓу роботите на Реал и Манчестер, капираме колку сме жедни, а во истата секунда улетува нашиот домашен робот со пиво во рака, ни ја отвара лименката, па се враќа да ни донесе чипс...

 

Copyright © 2009 selotejp.com