-->

Дали се проблематизира безвизниот режим за Македонија?

Според извори од Европската Комисија, Македонија може да очекува препорака за укинување на визниот режим.

Во рамките на извештајот кој Комисијата го подготвува за јули и во чија завршна верзија ќе бидат дадени позитивни препораки за нас.

Паралелно со ваквите очекувања, истиот извор, укажува и на растечки скептицизам, внатре кај членките на Европската Унија, посебно кај Франција и Германија, кој пак се поврзува со тековната глобална економска криза, а кој би се одразил на комплетната визна либерализација кон земјите од Балканот.

Нашиот извор заклучува дека е можно, се повторно да се сведе на чекање некаква политичка одлука од врвот во Брисел.

 

Copyright © 2009 selotejp.com