Фредерико Мачеда, 17-годишниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, е воодушевен од своето тимско деби на еден официјален натпревар. И има зошто.
Тинејџерот од Италија успеа да постигне гол во решавачките моменти од натпреварот со што му донесе неизмерно голема победа на својот тим од 3-2 против Астон Вила. По 31-то коло, благодарение на погодокот на Мачеда, тимот на Манчестер Јунајтед е повторно на чело на табелата.
"Ова е најубавиот ден во мојот живот. Секогаш сум сонувал за нешто вакво. Навистина не можам да ви опишам колку уживав на теренот", изјави Мачеда по натпреварот против тимот на Астон Вила.
"Веднаш по постигнувањето на голот дотрчав према родителите на трибините. Го заслужија овој погодок подеднакво како и јас и се надевам дека се горди со мене. Ќе го паметам овој ден до крајот на мојот живот, но ветувам дека мојот живот после него нема да се промени. Сакам да продолжам со напредокот во играта и да уживам во фудбалот", додаде Италијанецот, кој на Олд Трафорд стигна во 2007 од Лацио.