Еминем се врати! Не го пропуштајте неговиот нов спот за песната We Made You во кој се зеза на сметка на колешките Бритни Спирс и Ејми Вајнхаус. А не ги поштеди ни ЛиЛо, ниту Џесика Симпсон.
По пет години пауза, Еминем се врати со контроверзен спот за песната We Made You. Во својот препознатлив стил се пресметува со "ѕвездите", но и со нивните приватни животи, кои и не се баш така приватни.
Па така, Еминем се шегува на сметка на Ејми Вајнхаус и нејзиниот сега скоро поранешен сопруг Блејк, кој до неодамна беше во затвор. Еминем пее: "Ти си моја Ејми, јас сум твој Блејк", додека со перика на глава разменува плунка со актерката која ја "глуми" Ејми.
Во својата нова песна и се обраќа и на Линдзи Лохан и ја советува да им се врати на мажите бидејќи нејзината сега веќе поранешна девојка Саманта Ронсон е за двојка, додека Линдзи е чиста десетка.
Раперот не ја заобиколи ниту Ким Кардашиан, за која вели "Човеку, мислев дека таа е машко".