-->

Маса луѓе уверени дека го гледаат Исус на ресторан

Лицето на Синот Божји пред недела дена го забележал еден брачен пар, а од тогаш стотици верници доаѓаат во ресторанот да го видат тој израз. Оваа слика се создава од светлото кое продира низ крошните на дрвата.



Ресторанот се наоѓа во мексиканскиот град Muñoz de Domingo, а сопственичката на локалот, Мариа Ева Лозада, се откажала од неговата продажба откако, како што вели таа, се случило чудо.

“Останувам овде со Исус.“- изјавила сопственичката за медиумите, а нејзиниот ресторан е многу повеќе посетуван, т.е. сега многу подобро работи.

Но, Cristobal Gaspariano, гласноговорникот на католичката бискупија во државата Tlaxcali не бил нешто воодушевен од ова.

Тој им порачал на верниците ’да не се занесуваат’, и дека ова најпрво треба да го истражи Конкрегацијата за учење за верата, па дури потоа да се донесе мислење дали станува збор за вистинско привидение или случајност.

 

Copyright © 2009 selotejp.com