-->

Голема кражба на злато во Италија

Маскрирани лица упаднале вчера во компанија за преработка на благородни метали во Северна Италија и украле половина тон злато, во вредност од околу 10 милиони евра.

Грабежот во компанијата Копо Луиџи во градчето Валенца на околу 65 километри северено од Гануа, бил извршен од четири лица, соопшти полицијата. Лицата успеале да влезат преку прозорец откако шефот на компанијата дошол на работа и го отворил сефот.

Поголем дел од златото не било осигурано. Копо Луиџи, основана во 1965 година е компанија за прочистување и продажба на злато, сребро платина и други благородни метали.

 

Copyright © 2009 selotejp.com