-->

Британските музички милионери осиромашуваат

Богатството на повеќето британските музички милионери е намалено за 10 отсто во споредба со претходната година, покажува листата на богаташи во Велика Британија за 2009 година, што традиционално ја објавува неделникот „Сандеј тајмс“.

Причина за падот на профитот во светот на музиката е глобалната економска и финансиска криза, што влијаеше голем број британски постари и помлади музички ѕвезди, како и луѓето вклучени во бизнисот со музиката и забавата, да забележат намалување на нивното лично богатство.

Според листата на „Сандеј Тајмс“, Елтон Џон има претрпено загуба од 26 отсто, поранешниот битлс Пол Макартни од преку 60 милиони, а продуцентот и создавачот на поранешната славна женска група „Спајс грлс“ Сајмон Фалер, дури 150 милиони фунти. Меѓу годинешниве загубари се и двете помлади британски пејачки ѕвезди Кети Мелуа и Ејми Вајнхаус чиј профит во последната година е помал меѓу 40 и 50 отсто.

На ранг листата на најбогатите во музичкиот свет, убедливо на чело е продуцентот Клајв Калдер со 1,3 милијарди лично богатство, пред авторот на голем број мјузикли и сопственик на неколку театарски куќи во лондонскиот Вест Енд Ендрију Лојд Вебер и Пол Макартни, чие лично богатство сега изнесува 440 милиони фунти. Меѓу првите десетмина најбогати, се рангирани и двајцата Стоунси Мик Џегер и Кит Ричардс, Стинг и Елтон Џон.

 

Copyright © 2009 selotejp.com