-->

Венецуела ќе испрати амбасадор во САД

Венецуела, која минатиот септември го отповика својот амбасадор во САД, повторно ќе испрати дипломатски претставник во Вашингтон.

Ова го изјави венецуелскиот претседател Уго Чавес, на петтиот самит на земјите од Јужна и Северна Америка, што се одржува во Тринидад и Тобаго.

Чавес ова го најави, откако претходно изјави дека не се сомнева оти односите со Вашингтон ќе се подобрат, по доаѓањето на Барак Обама во Белата Куќа.

 

Copyright © 2009 selotejp.com