-->

Макета од шишана коса

 Фризерот Хуанг Ксин од Пекинг се бави со необична уметност. Откако ќе ги ишиша своите клиенти, ја собира косата...

..., и потоа од неа прави макети на познати кинески градби.

Повеќе од 5 месеци му беа потребни на фризерот, за од "остатоците" од коса да направи макета на "Tian'anmen" кулата, која е една од најпознатите градби во Пекинг.

Кулата е направена од 11 килограми коса, долга е 86 сантиметри, широка 32, а висока близу 60 сантиметри.

"Користам само коса од жени, бидејќи нивната е помека и понежна", изјави Хуанг за локалните кинески медиуми, додавајќи дека прво ја мие косата, ја суши, а потоа ја лепи на хартија, и на тој начин ги обликува формите.

Освен макети на различни градби, од природна коса тој изработува и играчки за деца, а направи макета и на светски познатиот олимписки стадион "Bird Nest" во Пекинг.

 

Copyright © 2009 selotejp.com