Трикратниот олимписки првак Усаин Болт сака да стане првата ѕвезда во историјата на атлетиката која ќе заработува над 10 милиони долари годишно.
Болт моментално заработува многу помалку од најпознатите фудбалски и голферски ѕвезди. Годишните приходи на најпознатиот голфер во светот изнесуваат над 100 милиони долари, што не беше достижно и за најголемите ѕвезди во кралицата на спортовите, Карл Луис, Мајкл Џонсон, Мерион Џонс и Морис Грин, кои заработуваа од пет до седум милиони долари годишно.
Примарната цел на атлетичарот од Јамајка е да ја зголеми популарноста на овој спорт во целиот свет преку поставување на нови светски рекорди. Неговите амбиции се толку многу големи што сака да заработува колку мега популарниот Дејвид Бекам и Тајгер Вудс.
"Моите амбиции се тешко остварливи, но ќе се обидам со сите напори. Знам дека во атлетиката се заработува многу малку, меѓутоа подготвен сум да внесам нови стандарди и да се приближам до заработувачката на најголемите спортски ѕвезди како Дејвид Бекам и Тајгер Вудс", вели Болт.
Болт има договор за спонзорство со Пума, вреден 1.5 милион долари годишно. Во завршна фаза се и преговорите за потпишување спонзорство со најпознатата компанија за мобилни телефони на Карибите Гатораде и Дигицел, со која преговара за сума од 3.000.000 долари годишно.
Тој веќе почна да бара и високи хонорари за настап, како 2.500.000 долари за да настапи на Супер гран прито во Абуџа, Нигерија.