Фотографиите на кои ја претставува новата линија на костими за капење на Victoria’s Secret е дел од работата со која Миранда професионално се занимава, но дури и за време на снимањето, таа размислува за некои други работи.
Убавицата неколку дена пред 26 – тиот роденден открила дека сака да основа семејство и што побрзо да роди дете.
Изгледа дека љубовните искри се многу силни од двете страни, бидејќи Миранда е сигурна дека Орландо Блум е човекот со кого сака да го помине животот.
Својата досега добро чувана тајна Миранда ја откри на промоцијата на новиот push – up градник на Victoria’s Secret во Њујорк.
“Имам некои планови и покрај манекенската кариера.“- признала таа, и открила дека набрзо ќе ја издаде нејзината нова книга, 'Treasure Yourself' која ја посветила на младите девојки.
Во книгата ги открива тајните на здравиот живот, каков и таа сама води. Миранда јаде исклучиво органска храна, а одличната линија ја одржува вежбајќи јога.
Ангелот на Victoria открива дека би сакала да се проба и во филм, а засега можеме да уживате во професијата во која таа одлично се снаоѓа. Во прилог се фотографиите од последниот каталог за костимите за капење на Victoria’s Secret.