-->

Манчестер со минимална победа против Арсенал

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед ќе патуваат за Лондон со минимална предност од првиот меч на 1/2 финалето од Лигата на Шампионите, каде успеаа да го совладаат Арсенал со 1:0.

Единствениот погодок го постигна ирецот Џон О'Шеј, кој после корнерот во 17-тата минута остана осамен кај десната статива и од 7-8 метри ја заби топката под пречката.

Во тој момент беше тешко да се претпостави дека мечот ќе заврши со резултатот 1:0, но се случи токму тоа. Манчестер играше многу подобро, правеше шанси, посебно во првите 45 минути.

Натпреварот започна динамично. Уште во втората минута Манчестер успеа да се закани прв. Руни шутираше со глава, но не успеаа да ја затресе мрежата. Веќе во наредниот напад стана јасно дека Гибс не може да го чува Кристијано Роналдо. Младиот тинајџер за кој Венгер најавува блескава иднина покажа неколку добри движења со топката, но мора да биде среќен што ниту еден од неговите киксеви не успеа да бидат казнати од страна на фудбалерите на Манчестер Јунајтед.

Дури 10 минути им требаа на играчите на Арсенал да го поминат центарот, а дури 12 да се доближат до голот на Ван Дер Сар. Волкот тогаш се проби по десната страна и влезе во шестнаесетникот, но повратната топка успеа да ја блокира Немања Видиќ. По таа шанса повторно почна константниот притисок на Манчестер Јунајтед.

Арсенал кон голот на Ван Дер Сар прв пат шутираше тек во 27-та минута, но холандскиот голман не можеше да биде совладан по ударот на Цеск Фабрегас. На другата страна Алумунија уште еднаш го спаси Арсенал бранејќи го ударот на Роналдо со глава, по нафрлената топка на Тевез. Пред самиот финиш на првиот дел Руни уште еднаш успеа да се закани, а Гибс скоро му ја продаде топката на Роналдо, но Алумунија повторно го спасуваше Арсенал.

Во вториот дел "топџиите" успеаа малку да живнат и почнаа да ја наметнуваат својата претпознатлива игра со многу пасови. Но, одбраната на Манчестер не успеаа да ја пробијат. По неколку минути затишје, по ударите на Андерсон и Адебајор, следуваше фантастичниот шут на Кристијано Роналдо. Португалецот шутираше од повеќе од 30 метри и ја затресе гредата. Иако Венгер ги стави во игра Едуардо и Бентнер на местата на Волкот и Адебајор, тактиката не донесе никаков плод.

Манчестер Јунајтед го доби овој меч и ќе оди во Арсенал да го брка финалето во Рим на 27-ми Мај.

 

Copyright © 2009 selotejp.com