-->

Изречена смртна казна во САД


САД, 23 април, (Нетпрес) - Американец бил осуден на смртна казна вчера попладне, под обвинение за силување и за убиство на студентка.

Судијата Нед Милер, кој му ја изрекол преусдата на Џери Бак Инман од Тенеси, за убиство на Тифани Мери Суерс од Јужна Каролина студентка на Клемсон универзитетот, рекол дека обвинетиот “има внатрешни демони, кои никогаш нема да го напуштат“. Судијата му напоменал дека егзекуцијата ќе биде или на електричен стол или пак ќе му биде дадена смртоносна инјекција. Инман не покажал никакви реакции, кога му била изречена смртната казна, објавува “Асошиејтед прес“.. Тој на судијата му рекол оти неможе да се рехабилитира.



“Постои само еден вид казна, која може да му биде одредена на човек како мене, и затоа ве замолувам да ми ја изречете таа казна“, ја прочитал во судницата својата изјава Инман, која од претходно ја подговтил.

Во 1987 година, Џери Бак Инман бил уапсен по дсомнение за силување на жена во Флорида, по што бил осуден на 18 години затвор. За тоа време, според затворскиот психолог, тој неколкупати се обидел да се убие. Во 2005 година излегол од затвор. Во мај, 2006 година, тој ја киднапирал, тогаш 20-годишната студентка Тифани Мери Суерс, ја силувал, па ја задавил.

Смртната казна ќе биде извршена на 28 јули, годинава.

 

Copyright © 2009 selotejp.com