-->

Наплив на идеи со брејнсторминг

Брејнстормингот претставува креативен процес кој ги поттикнува слободните асоцијации, фантазијата и отвореноста на луѓето.

Во суштина овој процес помага во изнаоѓањето на соодветно решение за определен проблем.

Доколку сакате ефективен брејнсторминг процес потребна ви е група од луѓе која што ќе брои од пет до дванаесет члена. Дел од нив треба да се директно вклучени во проблемот а дел да се неутрални. Групата треба има еден водач и записничар.


Идејата на состанокот е сите од присутните лица да дадат сопствено мислење за решавање на поставениот проблем. Притоа напливот на различни идеи овозможува да се согледаат различните пристапи карактеристични за различните типови на луѓе.

Водачот може да насочува но не и да цензурира бидејќи во тој случај ќе влијае негативно врз исходот на целокупниот процес. На крајот од состанокот присутните лица со помош на гласање ги избираат решенијата кои што се најадекватни. Ваквиот тип на состаноци не треба да го надмине времетраењето од 45 минути.

 

Copyright © 2009 selotejp.com