-->

Армстронг пак ќе се појави на Тур де Франс?


Седумкратниот освојувач на Тур де Франс, американецот Армстронг, изјави дека веќе нема никави пречки за неговиот настап на истото натпреварување.

Француската анти-допинг агенција (AFLD) против Ленс Армстронг неодамна покрена истрага против него, бидејќи на последниот Тур де Франс додека се возело на југот во Франција не бил под целосна контрола, па беше под знак прашалник неговиот настап.

Но сепак, тој може да се трка бидејќи обвинението е повлечено.

„Добив известување од AFLD за инцидентот. Случајот е затворен, јас сум чист и не сум казнет. Одиме понатаму“, рече Американецот.

Со оваа одлука, се отвара можноста на Ленс повторно да се трка низ Франција, за прв пат по 2005 кога и најави пензионирање. Но пред тоа, на 9 мај ке се појави на трката Џиро Италија.

 

Copyright © 2009 selotejp.com