-->

Мобилен за љубителите на фитнесот

Одделот на Motorola за мобилни телефони никако да излезе од кризата во која се наоѓа, но од време на време компанијата најавува по некој нов уред. Последниот во низата, цели кон корисниците зависни од фитнес тренинг.

На конференцијата за новинари одржана во Мексико, Моtorola на јавноста и го покажа својот најнов модел, со ознака MOTOROKR W6. Основните карактеристики на уредот се богатата мултимедијална поддршка и низата апликации и додатоци кои на корисниците би требало да им го надополнат секојдневното тренирање кое знае да е напорно.

Па така, MOTOROKR W6 на корисниците со одредена апликација им овозможува внесување на лични податоци како име, возраст, пол, тежина и висина, а таа понатаму го пресметува оптималниот план за тренирање за секој корисник. Уредот исто така содржи и апликација која го мери времетраењето на секоја вежба за телото, т.е. онаа која пресметува потрошувачка на калории, а се заедно корисниците можат да префрлат во соодветната табела на Microsoft Excel.

Меѓу другото, MOTOROKR W6 содржи вградени опции за управување со музички датотеки во системот, stereo Bluetooth, 20 мегабајти простор за податоци кој е можно да се прошири со мемориска картиќка, 1.3 мегапискелна камера и останатите додатоци карактеристични за овој тип на уреди.

 

Copyright © 2009 selotejp.com