-->

Морална дилема: Користење на ембриони за ’резервни’ органи


Група правни експерти и етичари се занимаваат со прашањето за складирање ембриони кои би не снабдиле со нови органи како ’резервни делови’. Целта е да се пронајде начин законски да се овозможи зголемување на користа од складираните ембриони.

Доколку британскиот тим од експерти го одобри користењето на ембрионите и за ’производство’ на нови органи, на семејствата на В. Британија ќе им се дозволи да складираат свои ембриони за да се создадат нови делови од телата или да излечат болест, пишува Дејли Меил.

Владините правни и експертите за етика ќе разговараат за тоа дали треба на семејствата да им одобрат ’складирање’ на ембриони, не само за вештачко оплодување туку и за можност за лекарите да ги користат за да создадат персонализирани третмани за пациентите и нивните деца.

Со оваа тема се врзуваат и морални дилеми. Владината екипа ќе разговара за тоа дали е етички ембрионите да бидат складирани за здравствени цели.

Моментално ембрионите можат да бидат складирани и до пет години, но само за вештачко оплодување.

Истражувањето за користење на клетките се уште е во зародиш, но се смета дека за околу 10 години благодарејќи на нив би можело да се дојде до значајни откритија поврзани за производство на лекови за дегенеративна состојба како Алцхајмерова или Паркинсова болест и некои облици на рак.

 

Copyright © 2009 selotejp.com