-->

Загина македонски работник на градилиште во Црна Гора

Во несреќа при изградбата на регионален водовод во населбата Шушањ во Бар загинале двајца работници, Мурат Маќов (23) од Македонија и Горан Павичевиќ (32) од Подгорица - пишуваат црногорските весници.

Несреќните момчиња завчера утрото околу 8.15 часот ги завршиле своите животи под цевките кои од непознати причини се срушиле врз нив.

На местото на несреќата увид извршил истражен судија од Бар кој наредил обдукција врз телата на загинатите работници.

Според истрагата на полицијата од Бар, дошло до поместување на цевките покрај каналот, и под нивниот удар прв бил Македонецот Маќов, а потоа бил повлечен и Павичевиќ, и двајцата настрадале на самото место.

Во полицијата се приведени неколку одговорни лица од градилиштето. Изградбата на регионалниот водовод ја изведува труската градежна компанија Ѓинташ, а подизведувач е Генекс од Подгорица.

 

Copyright © 2009 selotejp.com