-->

Македонија, земја која ја поделиле Србија, Грција и Бугарија, а има и најлош здравствен систем во Европa


Македонија, 22 април, (Нетпрес) - Британскиот весник “Гардијан“, денеска на својата интернет страница објави профил за Македонија.

Весникот опишува дека “поради својата стратешка позиција Македонија долго време била под контрола на други држави, како Грција, Римската империја, Бугарија, Византија, Србија, а најдолго под Отоманската империја, која го освоила регионот во 1371 година и се задржала таму се до Балканските војни во 1912-13 година“. “Македонија по ова била поделена меѓу Србија, Грција и Бугарија. Делот под Србија влегол во тогаш новата држава Југославија во 1929 година. Во 1945 година потпаѓа под владеење на комунистите, се до 1991 година, кога земјата прогласува независност“, се вели во описот за Македонија.

Понатака, се вели дека популацијата во Македонија ја сочинуваат 64 отсто Македонци, 25,2 отсто Албанци, потоа Турци-3,9 отсто, Роми-2,7 отсто, Срби-1,8 отсто, Муслимани-0,8 отсто и Власи-),5 отсто. Од нив најголемиот процент, 65 отсто се православни христијани, 32 отсто се муслимани, 2 отсто протестанти, а 1 отсто римо-католици.

Како национално јадење во Македонија, “Гардијан“ го наведува Ајварот.

Потоа, во делот на здравствениот сектор, Македонија е опишана како земја со втор најлош здравствен систем во Европа, според податоци на шевдската Health Consumer Powerhouse.

“Здравството е силно под влијание на корупцијата и е многу сиромашно со фармацевтска и медицинска опрема“, пишува угледниот британски весник за здравствениот систем во Македонија.

 

Copyright © 2009 selotejp.com