-->

Пронајдени најубавите мумии


Сензационално откритие! Најновата египетска археолошка мисија имаше голема среќа. Археолозите пронајдоа повеќе десетици одлично зачувани и тоа обоени мумии.

Како што извести египетското Врховно собрание за антика, истражувајќи 90-тина километри јужно од Каиро, стручњаците во близина на локалитетот Лахун во оазата Фајум открија дури 53 гробници и во нив „добродржечки“ десетици мумии, иако според експертската проценка се стари околу 4.000 години.


Повеќето датираат од времето на Средното египетско кралство (2061 - 1786 г.п.н.е.) и Новото кралство (1561-1081 г.п.н.е.).

Но, најубавите меѓу нив, според археолозите, се малку помлади. Обоените мумии потекнуваат од времето на 22 династија (931 - 725 г.п.н.е.), а засега се откриени четири.


Водачот на истражувањето Абдел Рахман ел-Аједи изјави дека е пронајдена и погребна капела со маса на која биле оставани дарови за мртвите, а се верува дека била користена и во времето на римското владеење со Египет (30 г.п.н.е. - 337 г.н.е.).

Директорот на египетската управа за антиквитети Захи Хавас соопшти дека на наоѓалиштето се пронајдени уште многу скапоцени предмети, како на пример петнаесетте обоени маски, многу амајлии и глинени садови.

 

Copyright © 2009 selotejp.com