-->

Добра циркулација, уште подобро паметење

Како што старееме, крвните садови се повеќе се подложни на различни нарушувања. нивното запушување доведува до слаба исхрана на срцето, мозокот, нозете…

Сосема мали пречки во обезбедувањето на мозокот со крв можат да доведат до заборавање, губење и слаба концентрација, главоболка, вртоглавица и зуење во ушите. Многу потешки последици предизвикува и брзото зголемување на мозочниот крвен притисок- мозочен удар.

Причина може да биде прекин на дотокот на крв и хранливи материи во одделни подрачја на организмот.

Нарушувањата на периферната циркулација не го загрозуваат непосредно животот, но значително го намалуваат неговиот квалитет. Така, многу често се јавуваат студени раце и нозе, болка и грчеви во нозете, а особено при движење. Најважна улога во сочувувањето на крвотокот има превенцијата. Притоа, посебно треба да се истакне важноста на физичката активност и здравата исхрана, откажувањето од никотинот како и примерното и редовно внесување на потребното количество витамини и минерали ( посебно витамините Ц и Е, коензим Q 10, магнезиум ).

Искуствата покажуваат дека и земањето одредени природни препарати ( екстракти, гинко билоби, глог, костен, лук, како и омега-3 и омега-6 незаситени масни киселини ) можат да предизвикаат долготраен заштитен ефект на срцето и крвните садови.

Што може гинко билоба?

Преку бројните клинички испитувања е докажано дека скапоцените супстанци од гинкото ја намалуваат вискозноста и ја подобруваат циркулацијата на крвта, го спречуваат собирањето тромбоцити и создавањето крвни згрутчувања, но ја зголемуваат и цврстината на ѕидовите од крвните садови. Оваа билка ги штити артериите, вените и капиларите од оштетувања, регулирајќи го нивниот тонус и еластичност. Таа ја намалува лепливоста на тромбоцитите, а тоа е клучен фактор во развојот на артериосклерозата која може да има и фатални последици.

Со оглед на тоа дека го подобрува обезбедувањето со крв на мозокот, но и на другите органи, екстрактот од гинко делува поволно, посебно кај постарите лица, на концентрацијата и памтењето, но е ефикасен и за учениците и студентите, за да го запаметат полесно материјалот што го изучуваат. Екстрактот помага и при вртоглавица, главоболка, шум во уво, студенило и чешање на рацете и нозете, како и при болки и грчеви. Позитивното влијание на листовите од гинкото врз Алцхајмеровата болест е докажано во повеќе клинички студии. Исто така, се почесто се зборува и за нејзиниот ефект при лечењето на намалениот вид, глаукомот и катарактата.

 

Copyright © 2009 selotejp.com