-->

Професорка по право му го покажала голиот задник на судијата

Јапонската професорка по право, Megumi Ogawa ќе се жали на пресудата која ја добила поради нејзините смртни закани до вработените во австралискиот суд, и покажување на задник на судијата.

Австралискиот суд во Брисбан ја осудил Megumi Ogawa (41) на 6 месеци затвор заради малтретирање на вработените од судот во 2006 – та година. Таа ја користела судската поштенска служба за да им се заканува. Megumi која предава на факултетот ’Southern Cross’ во Лизмор, им испратила 83 мејла и 176 пати им се јавила на службениците на федералниот суд. Таа неколку пати им испраќала смртни закани. Судиите постојано ја исфрлувале од судниците поради нејзиното постојано врескање, навредување на правниот персонал, и заради физичко пресметување со правосудните полицајци.

Кога ја довлекле еднаш на суд, таа му го покажала голиот задник на судијата. Судијата Stuart Durward ја казнил за одвратното однесување со четири месеци затвор. Таа во исто време ќе ги ’одлежи’ и двете казни. На читањето на пресудата жената ја држеле тројца правосудни полицајци. Таа се жалела на двете казни.

 

Copyright © 2009 selotejp.com