Што се луѓето не би дале да се појават на телевизија, посебно ако се работи за гостување кај Др. Фил. Само да се појават, па макар и по цена на затвор.
За оние кои не знаат кој е Др. Фил (срам да ви е) станува збор за до јајца досаден досаден психијатар кој гостуваше кај подеднакво досадната Опра, па потоа укапира дека и тој може да млати пари на човековата глупост, воглавно само повторувајќи ја последната реченица која ја кажуваат неговите гости.
Притоа, се докопа отплика до истите неверојатни теми како и Опра - болесната желба за секс со пудлицата на мама и слично. Па така, во една епизода една жена призна како има манија да краде по дуќани и како до сега украла роба во вредност од 100.000 долари. За нејзина жал, емисијата ја гледаат и полицајци, па неколку месеци подоцна по гостувањето на ТВ, госпоѓата ќе гостува и по казнено-поправни институции.
Глупоста е неуништлива.