-->

Уапсен воениот шеф на ЕТА

Француската полиција го уапси воениот шеф на ЕТА и уште двајца членови на оваа баскиска сепаратистичка организација, соопштија извори на шпанската Влада.

Според истите извори, Хурдан Мартитеги е уапсен во југоисточна Франција по заедничката акција на шпанската и француска полиција.

Францускиот министер за внатрешни работи Мишел Алио-Мари, во одделно соопштение, наведе дека француските власти уапсиле три лица за кои постои сомневање дека се членови на ЕТА.

Се верува дека Мартитеги (29) е шеф на воената единица ЕТА, а полицијата го смета за “исклучително насилна“ личност.

Од 2000 година, уапсени се повеќе од 750 осомничени членови на ЕТА.

 

Copyright © 2009 selotejp.com