Апелацискиот суд на ФИА пресече во корист на обвинетите еипи, прогласувајќи ги нивните технички решенија за легални согласно новите правила.
За прв пат по подолго време, ФИА и нејзините органи не направија пресврт во корист на Ферари, откако во минатото поради жалбите на италијанската екипа беа забранети пневматиците на Мишелин, амортизерите на Рено, а дузина други правила истовремено добија и нови, соодветни објаснувања за одредени ситуации во кои Ферари беше страната која имаше корист. Откако Браун Мерцедес победи на првите две трки со болид кој има двоен дифузер, Ферари заедно со Рено и Ред Бул се пожали до Апелацускиот суд на федерацијата барајќи нивниот болид, но и оној на Тојота и Вилијамс, да биде прогласен за нелегален, откако претходно техничките делегати го верификуваа дека може да настапува во трките.