-->

Отворил лажен профил за да ги шпионира вработените

Неименувана Швајцарка останала без работа затоа што додека била на боледување сурфала на Facebook. Му кажала на шефот дека не смее да работи на компјутер, дека мора да лежи.

Неименувана Швајцарка му кажала на шефот дека не смее да работи на компјутер затоа што докторот и рекол дека мора да лежи во темница. Но, подоцна истиот ден таа била активна на Facebook. Осигурителната компанија Nationale Suisse тврди дека со ова таа ја уништила целата нивна доверба.

“Овде се работи за доверба, а не за Facebook.“- стои во изјавата.

Жената се бранела со тоа како таа лежејќи во својот кревет го проверувала својот профил преку iPhone и го обвинила работодавачот дека ги шпионира неа и колегите испраќајќи им мистериозен friend request, со кој имал увид во нејзините online активности. Nationale Suisse ги одбил обвиненијата за шпионирање. Тие тврдат како случајно чуле од некој колега дека колешката е активна на Facebook. Кратко потоа, тие забраниле користење на Facebook на работното место.

 

Copyright © 2009 selotejp.com