-->

Ограбувал салон, а фризерката го врзала и со денови го силувала


Една моќна руска фризерка го онеспособила крадецот, го одвлекла во подрум, му давала вијагра и три дена без престан го силувала.

Крадецот во рускиот град Калуга на 14 февруари влегол во фризерскиот салон. Тој со пушка им се заканувал на двете вработени и едната муштерика. Тој барал пари, но она што крадецот не го барал, тоа и го добил. Тој не знаел дека едната фризерка знае џудо вештини и теквондо. Жената со еден удар го онеспособила крадецот и го одвлекла во подрум. Таму го врзала со кабли. На колешката и рекла дека ќе повика полиција, но таа всушност имала нешто друго на ум.

Таа го присилила крадецот да се соблече и да ја испие Вијаграта, а потоа го силувала крадецот, и тоа го правела континуирано три дена. Дури и го повредила, му пукнала кожичката на пенисот. После три дена таа го пуштила, а тој отишол и ја пријавил во полиција. Фризерката тврди дека тој лаже.

“Тоа е смешно. Само два пати имавме секс. Му донесов нови панталони, секој ден добиваше храна. А покрај тоа кога го пуштив на слобода му дадов и пари.“-изјавила таа во полицијата.

Полицијата ги уапсила и двајцата. “Штета што не можат да бидат во иста ќелија, би биле одличен пар.“- изјавил анонимен полицаец.




 

Copyright © 2009 selotejp.com