-->

И пукале во гради, ја спасил градникот полн со пари


Бразилката Ivonete Pereire (58), во која напаѓачите пукале за време на вооружен грабеж во автобусот за Салвадор, преживеала благодарејќи на градникот...

Еден од двајцата напаѓачи во автобусот за Салвадор, пукал во градите на 58 годишната Ivonete Pereire. На нејзина среќа, ја спасиле замотаните 66 долари кои ги сокрила во левата корпа од градникот. Знаејќи дека автобусите се честа мета на разбојници, таа ги ставиле парите на сигурно место. Таа патувала до викендичката кај Lauro de Freitasa, но кога поминале крај Boce de Rio, автобусот го нападнале криминалци. Кога виделе полицајци криминалците започнале да пукаат, а заскитан куршум ја погодил Ivonete. Нејзиниот градник имал доволно пари за да го забави куршумот. Таа била пренесена во болница, каде и го извадиле куршумот, и преживеала, но за жал, пензионираниот наредник, немал среќа, погинал во нападот, а разбојниците се се уште во бегство.

 

Copyright © 2009 selotejp.com