Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска ќе оствари средба со претходните претседатели на македонскиот Парламент, Љубиша Георгиевски, Љупчо Јордановски, Никола Поповски, Саво Климовски, Тито Петковски и Стојан Андов.
На средбата, како што соопшти Собраниската служба за информирање, најголемо внимание ќе биде посветено на подготовките за донесување на Законот за Собрание на Република Македонија, а ќе се разгледаат и други актуелни прашања поврзани со работата на Парламентот.