-->

Најбрзиот фотоапарат во светот!


Научниците го направија досега најбрзиот фотоапарат на светот. Може да направи 6,1 милион слики во секунда, со брзина од 440 трилиони од секундата.

Големата брзина на затворачот овозможува да и подвижните објекти станат јасно фотографирани. Колку е помалку отворено оптичкото око на фотоапаратот, дотолку објектот има помалку време за да се придвижи.
Но и ова си има своја цена: малото количество на светлина што ќе влезе во фотоапаратот, ќе предизвика сликата да биде помалку осветлена. Затоа спортските фотографи користат големи блицови.

Технологијата која ја користат овие фотоапарати е наречена STEAM, или кратенка од Short Time-Encoded Amplified Microscopy. Ги осветлува објектите со инфрацрвен сензор, кој што кружи низ серија од повеќе бранови должини, по еден за секој пиксел на сензорот.

Кога одбиената светлина ќе падне на сензорот, секој пиксел си се посветува на својата бранова должина, и му се додава електронско засилување во зависност од брановата должина. Овој начин го зголемува оригиналниот сигнал составен од само неколку фотони, се додека не стане видлив.
Ова не може да се направи во конвеционалните дигитални фотоапарати, бидејќи сензорот не ги знае оргиналните бранови должини.

За сега, STEAM може да произведе слики со резолуција од 3000 пиксели, далеку помалку од мулти-милион пикселните фотоапарати користени од потрошувачите. Но тимот на Года се надева дека ќе направи мулти-милион пикселни фотоапарати кои што ќе прават и по 100 милиони слики во секунда, правејќи им конкуренција на стандардните дигитални камери.

 

Copyright © 2009 selotejp.com